Откако некои неодамна објавени премиум телефони во своите пакувања не вклучуваа слушалки, уште еден корисен додаток ќе почне да изостанува од малопродажните пакувања на некои битни флегшип смартфони. Меѓу нив е и претстојната Samsung Galaxy S21 серија телефони.

Според навоите од сертфикатот, кој го објави бразилската регулаторна агенција Anatel, се истакнува дека Samsung Galaxy S21, Galaxy S21 Plus и Galaxy S21 Ultra нема да бидат испорачувани со полнач или слушалки во пакувањето.

Тоа значи дека трите Galaxy S21 уреди ќе ги следат стапките на iPhone 12 серијата, која исто така ги исфрли споменатите додатоци од своето малопродажно пакување. Интересно е дека Samsung го исмеваше Apple поради оваа одлука, а сега и самиот ќе ја примени.

Се сугерира дека, со оглед на тоа што сертификатот е забележан во Бразил, одлуката можеби нема да биде применета во сите региони ширум светот. Останува да се види дали во регионите каде што Galaxy S21 нема да се испорачува со полнач, компанијата ќе обезбедува полнач без надомест или корисниците ќе мораат да го купуваат засебно.

Повеќе детали за тоа ќе бидат познати кон средината на јануари, кога Samsung се подготвува да ја претстави Galaxy S21 серијата телефони.