Откриен е нов патент на компанијата Samsung, за кој е поднесено барање во Јужна Кореја, а укажува на многу интересен мал уред. Во прашање е своевиден прстен кој е наменет за полнење на смартфони.

Магнетниот диск во рамките на прстенот се поместува со движењата на рацете на корисникот и при тоа се креира електрицитет. Прстенот има вграден мал генератор, кој произведува енергија преку движењата на корисникот, а исто така е способен топлината на телото на корисникот да ја претвори во електрицитет, според наводите од патент.

Секако, и натаму ќе мора да постои мала батерија за да се складира генерираниот електрицитет, пред да се префрли во телефонот. Тука на сцена стапува идејата која патентот ја носи со себе. Намести телефонот да се приклучи на кабел за полнење или да се остави на полнач, прстенот ќе го полни телефонот додека се користи.