Samsung Galaxy F22 е официјално претставен во Индија, а практично се работи за ребрендиран Galaxy A22 модел. Смартфонот пристигнува со две опции на меморија, а главните спецификации вклучуваат G80 чипсет, Super AMOLED дисплеј и четири камери.
Galaxy F22 се разликува од Galaxy A22 моделот според задниот панел, кој во случајот на новиот телефон е брановиден. Тука се и поинаквите опции на бои – црна и сина.
Телефонот и натаму има 48MP главна камера, 8MP ултраширока камера и два дополнителни 2MP сензори. Од предната страна се наоѓа селфи камера од 13MP.
Super AMOLED екранот од 6.4 инчи има HD+ резолуција и 90Hz освежување. Телефонот го напојува 6000mAh батерија, а има и сензор за отпечатоци од прсти сместен во копчето за вклучување во рамката на уредот.
Samsung Galaxy F22 ќе се продава во 4/64GB и 6/128GB опции за RAM и складирање, по цени од околу 170 и 195 долари.