Според последните извештаи, Samsung својата Galaxy S21 серија телефони ќе ја претстави на 14. јануари. Ова го тврди популарниот дојавувач Џон Просер, кој претходно точно го прогнозираше доаѓањето на iPhone 12 линијата и е прилично доверлив кога ваквите информации се во прашање.

Доколку се испостави како точно, ова би бил најраниот период во календарската година кога би била претставена некоја Galaxy S серија смартфони. Просер, исто така, истакнува дека претпродажбата на S21 серијата ќе почне истиот ден, додека на пазарот ќе се најде од 29. јануари.

Според тврдењата на дојавувачите, Galaxy S21 линијата ќе ја сочинуваат три модели:
Galaxy S21, Galaxy S21+ и Galaxy S21 Ultra. Ќе бидат достапни шест различни бои за споменатите телефони. Galaxy S21 се очекува во сива, розева, виолетова и бела боја, Galaxy S21+ ќе биде достапен во црна и сребрена варијанта, додека за S21 Ultra се очекуваат црна, сребрена и виолетова опција.

Изворот тврди дека Samsung Galaxy S21 серијата телефони ќе биде произведена во четири земји – Бразил, Индонезија, Виетнам и Јужна Кореја.