По бројните шпекулации, се укажува на тоа дека смартфонот на Samsung, Galaxy Z Fold 3 ќе поддржува S Pen пенкало, односно попрецизно, поголема верзија која се нарекува S Pen Pro.
Samsung го претстави S Pen Pro пенкалото во јануари, а документите што се појавија на интерент говорат дека ќе може да се поврзе преку Bluetooth и ќе се користи за работа на претстојниот флексибилен Galaxy Z Fold 3.
Истото пенкало ќе можат да го користат и корисниците на моделите S21 Ultra; Note 20, Note 20 Ultra, Note 10 Lite, Tab S7+, Tab S7, Tab S7 FE и Tab S6.
Поддршката за S Pen Pro пенкалото на моделот Z Fold 3 не е поголемо изненадување, бидејќи претседателот на мобилниот оддел на Samsung, TM Roh истакна дека е среќен што луѓето сакаат S Pen да функционира со Fold. Во декември е наведено дека Samsung „сака да донесе некои карактеристики од Galaxy Note на другите уреди”.
Познатиот типстер од Twitter, Еван Блас објави рендер на кој се гледа Galaxy Z Fold 3 со „новото Fold Edition S Pen пенкало”. Можно е дека ова пенкало ќе доаѓа во пакувањето со смартфонот, а дека S Pen Pro ќе може да се купува посебно.
Samsung новиот Unpacked настан веројатно ќе го одржи во август и ќе претстави низа уреди, меѓу кои се Z Fold 3, Z Flip 3, нови Galaxy Watch часовници и нови Galaxy Buds слушалки.