Samsung во рамките на својот Unpacked Part 2 настан ги претстави Galaxy Z Flip3 Bespoke Edition и Galaxy Watch4 Series Bespoke Edition, проширувајќи ја идејата со Bespoke Studio.
Galaxy Bespoke Studio овозможува избор на бои за предната страна, задниот дел и рамката на телефонот. Моментно е можен избор помеѓу црна и сребрена за рамката, додека за предната и задната страна се достапни сина, розева, жолта, бела и црна. Испакнувањето за камерите останува црно, без оглед на тоа која боја ќе се избере.
Севкупно, ова овозможува 49 комбинации на бои (според Samsung). Подоцна ќе биде можно да се купат нови панели и менување на оние со кои телефонот првично пристигна.
Главната иновација на овој проект е можноста Samsung да креира кориснички прилагоден смартфон и да го испорача на избрани пазари. Во моментов,Bespoke Studio ги опслужува следните пазари: САД, Велика Британија, Канада, Австралија, Франција и Јужна Кореја. Samsung планира подоцна да ја прошири оваа листа.
Уште два уреди се придружуваат на ова Bespoke искуство – паметните часовници Galaxy Watch4 и Watch4 Classic. Можно е да се избере помеѓу двата модела и нивните две големини, а потоа е можно да се изберат компатибилни нараквици. Цените на споменатите паметни часовници се непроменети.
Кога се во прашање цените за Samsung Galaxy Z Flip3 Bespoke Edition, почетната цена изнесува 1100 долари, што е за само 50 долари повеќе од нормалната цена за 256GB модел (не постои 128GB верзија за Bespoke Edition).