Продажбата на PlayStation 5 конзолата на Sony останува константна и силна, а компанијата досега продаде од 13,4 милиони примероци.
Компанијата Sony досега продаде 13,4 милиони примероци од конзолата PlayStation 5.
Sony во вториот квартал продаде 3,3 милиони конзоли, додека во првиот испорача 2,2 милиони, а вкупниот број на конзоли продадени од пристигнувањето на пазарот изнесува повеќе од 13,4 милиони единици, потврдија од Sony.
Продажбата на видеоигри исто така е зголемена значително па во вториот квартал се продадени 76,4 милиони копии во споредба со 63,6 милиони во претходниот квартал.
Забележан е раст од 27 проценти кога станува збор за приходот од гејминг кој изнесува 5,68 милијарди долари. Оперативниот приход од 728 милиони долари е помал во однос на претходниот квартал и тоа за 29 милиони долари. Фискалната година на Sony завршува на 31 март 2022 година.
Додека продажбата на конзолата PS5 растеше, продажбата на PS4 значително се намали на само 200.000 примероци во споредба со 500.000 продадени минатиот квартал. Другите фактори наведени од Sony се загубата што произлегува од стратешките цени за PS5 кои се пониски од трошоците за производство. Тоа значи дека Sony го продаваше PS5 со минимален или негативен профит во текот на овој квартал, иако во август рече дека повеќе не го продава PS5 со загуба.
Извор: Klix.ba