Ако во последните неколку месеци сте пробале да стигнете до PS5, знаете дека се работи за прилично тешка работа. И покрај рекордната продажба, Sony се трудеше да одржи чекот со побарувачката. Но, за да продолжат конзолите да пристигнуваат во доволна количина, компанијата можеби ќе треба да посегне кон драстична мерка.

Во текот на годишниот извештај за приходите на компанијата, финансискиот директор на Sony, Хироки Тотоки потврди дека недостатокот на полупроводници стои зад доцнењето во производството на PlayStation 5. А за да му се спротивстави на проблемот, Sony дури и размислува за промена на дизајнот на конзолата.

Според магазинот T3, Тотоки во извештајот тврди дека Sony се надева дека ќе надмина 14,8 милиони продадени копии во 2021. година, што би била бројката на продажба на PS4 во втората година живот на конзолата. Меѓутоа, за тоа да го направи, Sony би морал да направи некои промени за да ја задоволи побарувачката. “На пример, би можеле да најдеме секундарен ресурс или со промена на дизајнот“, истакна Тотоки.

Иако е изненадувачки да се слушне дека дизајнот на целосно новата конзола би можел да се промени, не би биле изненадени дека споменатиот дизајн е чисто интерен. Прилагодувањето на количината на силициум потребна во машината би можело да му помогне на Sony да го ублажи недостатокот на полупроводници.