Sony наскоро би можел да ја објави FX3 cinema line – филмска камера/фотоапарат, што ќе го карактеризира 12MP сензор, снимање на 4K 120 fps видеа и цена од 3795 евра. Јапонскиот дојавувач Nokoshita објави и фотографии од уредот, додека спецификациите ги открива YouTube влогерот Gaston Shutters.
FX3 наводно има слични спецификации како A7S III моделот без огледало, а ова ја вклучува и поддршката за 4K/120 fps видео, два CFexpress слота за картички, in-body стабилизација и режим за фотографирање. Уредот изгледа има и flip-out дисплеј.
Камерата е дизајнирана на неа да се прикачуваат додатоци, како што се дисплеи, микрофони и други елементи што им се потребни на оние кои снимаат видео. Се очекува дека ова ќе биде досега најмалата Cinema Line камера на Sony.
Се сугерира дека Sony FX3 ќе биде претставен околу 23. февруари, во текот на онлајн настан.