Група лути уметници кои протестираат против „корпоративните господари на вештачката интелигенција“ тврдат дека го хакирале и го ослободиле видео генераторот Sora на компанијата OpenAI.
Се чини дека ова „протекување“ доаѓа од бета-тестери кои тврдат дека не сакаат да бидат „бесплатна работна сила“, а програмата вчера заврши на интернет.
Инаку, Sora беше најавена во февруари, но оттогаш нема информации кога всушност ќе биде пуштена на пазарот и ќе биде достапна за пошироката јавност.
На платформата „Hugging Face“ сепак се појави можноста за генерирање видеа со помош на Sora, како и отворено писмо испратено од овие уметници до компанијата OpenAI.
„Почитувани корпоративни AI господари, ни беше даден пристап до Sora затоа што ни беше ветено дека ќе бидеме рани тестери и креативни партнери. Сепак, веруваме дека сме намамени да му кажеме на светот колку Sora е корисна за уметниците“, се вели во писмото.
Понатаму, го додава следново: „НИЕ НЕ СМЕ ВАШ НЕПЛАТЕЕН ТИМ ЗА РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДИ. Ние не сме ваши: бесплатни тестери за багови, ПР-марионети, податоци за обука“.
Овие уметници понатаму наведуваат дека не се против користење на вештачката интелигенција за создавање уметност, но не се согласуваат со начинот на кој се води програмата.
„Го споделуваме ова со светот со надеж дека OpenAI ќе стане поотворена, попријатна за уметниците и со надеж дека ќе ги поддржи уметниците дури и кога тоа не е само ПР потег“, се додава во писмото.
OpenAI одговори на ова отворено писмо.
OpenAI го исклучи раниот пристап до Sora само три часа по инцидентот, во очекување на истрага.
„Стотици уметници во нашата алфа фаза го обликуваа развојот на Sora, помагајќи да се даде приоритет на новите функции и безбедносни механизми“, напиша портпаролот на OpenAI, Нико Феликс во пораката за The Post.
„Учеството е доброволно, без обврска за давање повратни информации или користење на алатката“, додаде тој.