Компанијата на Елон Маск за вселенска технологија е во правна борба околу земјиштето за дупчење на природен гас.
SpaceX е во правна битка со нафтена компанија од Тексас околу земјиште што сакаат да го користат за дупчење природен гас, пренесува The Verge.
Станува збор за земјиште со големина од 806 хектари во близина на Starship објектите на SpaceX во областа Јужен Тексас. Адвокатот на компанијата на Маск објасни за Bloomberg News, дека резервите на метан од областа би се користеле за нивните ракетни постројки. Филијалата на SpaceX, Lone Star Mineral Development LLC, побарала од Dallas Petroleum Group (DPG) LLC, која има право на сопственост, да ги испразни бунарите до крајот на 2020 година. Имено, во пријавите се наведува дека DPG нема право да ги поседува бунарите и дека илегално ја оневозможила филијалата на SpaceX да влезе во имотот.
Јавните записи покажуваат дека SpaceX го изнајмил земјиштето од Mesquite Energy Inc. во јуни минатата година, а DPG тврди дека го задржува правото на бунарите и побарал од судијата да го отфрли барањето на Lone Star. Случајот моментално се наоѓа пред Комисијата за железници во Тексас, а тројца комесари на Комисијата ќе гласаат за исходот на случајот откако судијата ќе издаде предлог н одлука. Се очекува дека процесот може да трае неколку месеци.
Да потсетиме дека SpaceX минатата година купи две длабоки нафтени платформи, а секоја од нив чинеше 3,5 милиони долари, за да ги претвори во поморски лансирни рампи за Starship.