Германскиот проект DataSkop ќе ја испита алатката за видео препораки „За тебе“ (For You) на TikTok.
Затоа DataSkop ги покани корисниците на платформата во сопственост на кинеската компанија ByteDance да ги достават своите лични податоци за да може да создаде точна слика за тоа како се манипулира со нив.
Корисниците на TikTok имаат рок до крајот на март да ги донираат своите лични податоци за проектот DataSkop. „Со анализа на овие податоци ќе добиеме подлабок увид во тоа како функционира системот за препораки на платформата“, велат од DataSkop.
DataSkop се надева дека ќе ги искористи информациите што ги собира за да ја следи популарната платформа, која ја користат повеќе од милијарда луѓе, или една осмина од светската популација, и да добие увид во „трендовите“ што ги промовира.
Извршниот директор на TikTok, Шо Зи Чју треба да сведочи пред Конгресот на САД на 23 март, во земја каде често се споменува забраната за TikTok. Во декември, администрацијата на Претставничкиот дом на САД ги извести сите вработени и пратеници дека апликацијата TikTok ќе биде забранета од сите официјални уреди бидејќи претставува ризик за Конгресот бидејќи „активно собира“ биометриски и други чувствителни информации за корисниците. TikTok ги отфрли овие тврдења, нарекувајќи ги „лажни“.
Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, рече дека употребата на TikTok претставува закана за националната безбедност и дека кинеската влада би можела да го користи TikTok за „операции со влијание“ или за компромитирање уреди.
DataSkop е заеднички истражувачки проект со седиште во Германија во кој се вклучени AlgorithmWatch, Европската нова школа за дигитални студии, Универзитетот за применети науки и непрофитната организација за медиумско образование Mediale Pfade. Финансиран е од германското Сојузно Министерство за образование и истражување.