TikTok експериментира со воведување Stories, компанијата почна да ја нуди функцијата на повеќе корисници.
Според компанијата, пилот-тестот им нуди на креаторите дополнителни начини да ги спроведат своите креативни идеи и да ги претстават пред заедницата на TikTok. Не е објавено колку корисници се вклучени во најновото тестирање на новата функција.
Како што е случајот со Stories на Instagram, така и на TikTok траат 24 часа пред автоматски да се избришат. Тие можат да се видат со навигација на профилот на корисникот и кликнување на фотографијата на профилот. Stories се појавуваат и на страницата For You.
Секој што ќе објави приказна може да провери колку луѓе ја виделе содржината, но не може да се види кој гледал. Дополнително, можно е да ги лајкува содржината или да се остави јавен коментар.
Засега нема конкретни информации за тоа кога TikTok Stories ќе станат достапни за поширок опсег на корисници.
Извор: B92.net