Откриена е документација која укажува дека Twitter подготвува нова опција која ќе овозможи објавување на подолги текстови.
Објавувањето кратки содржини е она што го прави Twitter препознатлив, а тоа е можно благодарение на познатото ограничување на бројот на карактери во објавите на популарната платформа.
Меѓутоа, одвреме навреме, корисниците имаат впечаток дека овој формат ги спречува да создаваат содржини со подолг формат.
Twitter се обиде да го реши ова прашање преку тековни теми, но се чини дека компанијата наскоро би можела да понуди подобро решение за споделување објави со подолг формат.
Според извори, Twitter работи на новата функција наречена Twitter Articles.
Не се знае многу за оваа функција, но се чини дека корисниците ќе можат да пишуваат целосни статии на платформата, како и дека нема да мора да се грижат за лимитот од 280 карактери.
Опцијата Twitter Articles би можела да добие свој таб или секција (како Spaces и Explore табовите), но засега сè уште е рано да се зборува за функционалноста.
Останува да видиме дали Twitter Articles ќе има сопствен лимир за бројот на карактери или зборови.