Компанијата Vivo минатата година го претстави Funtouch OS 10 заедно со смартфонот X30, а сега веќе има намера да го замени.

Пандемијата на коронавирусот го спречи Vivo да овозможи надградби за постарите смартфони. Првобитниот план беше преминот на Jovi OS, но овој проект е напуштен. Сепак, сега Vivo има нов софтвер наречен Origin OS, за кој експертите велат дека ќе биде многу понапреден од актуелниот Funtouch.

Origin OS наводно ќе стане една од најдобрите модификации на Android на пазарот, но засега нема детали за новиот интерфејс, како и за разликите во однос на актуелниот софтвер.

Официјалната најава се очекува помеѓу ноемвти и декември, а би можела да се судри со претставувањето на моделот X60.