Откако Vivo X60 серијата дебитираше во Кина во декември минатата година, дојде време кинеската компанија да претстави три нови телефони за пазарите надвор од Кина. Тоа се Vivo X60, X60 Pro и X60 Pro Plus.
Vivo X60 и X60 Pro доаѓаат со некои големи промени во споредба со верзиите за Кина. Двата телефони имаат чипсет Snapdragon 870, наместо чипот Exynos 108. Покрај тоа, глобалната верзија на X60 Pro има само една камера со фокус на зумирање, преку телефото леќа од 13MP 2x.
X60 Pro има закривен 6,56-инчен OLED панел (FHD+, стапка на освежување 120Hz) и поддршка за полнење од 33W на батеријата од 4.200mAh. Во областа на камерите, има главен сензор од 48MP, ултра-широк фотоапарат од 13MP од 120 степени и гореспомената телефото-камера од 13MP 2x. На предната страна се наоѓа селфи сензор од 32MP.
Стандардниот X60 во основа ги има истите спецификации како и моделот Pro, но екранот е рамен. Батеријата е малку поголема и има капацитет од 4.300mAh. „Pro“ моделот има малку поголема решетка за главната камера (f/1,48 наспроти f/1,79).
Веројатно најголемата разлика помеѓу двата телефони е во тоа што стандардниот X60 модел нема микро-гимбал систем за главната камера од 48MP, што постои во моделот X60 Pro.
Vivo X60 Pro Plus е вистински премиум телефон, со Snapdragon 888 чипсет, поддршка за полнење 55W и батерија од 4.200mAh. Овој модел, исто така, располага со „high-end“ камери, во форма на 50MP GN1 главен сензор со OIS поддршка, 48MP ултра-широк фотоапарат со микро-гимбал систем и две камери со фокус зум (8MP 5x перископ, 32MP 2x телефото).
X60 Pro Plus користи 6,56 инчен 120Hz OLED дисплеј, селфи камера 32MP, „FunTouch OS“ и сензор за отпечатоци од прст на екранот, а ова се одлики што ги споделува со другите два модели во линијата.
Vivo X60 и X60 Pro од денес ќе бидат пуштени во продажба на над 20 глобални пазари. Во наредните месеци се очекува пошироко покривање во Европа. Vivo X60 Pro Plus првично е достапен само во Индија, а на други пазари пристигнува подоцна.
Извор: Benchmark.rs