WhatsApp моментално развива уште една безбедносна функција, а таа е поврзана со текстуални пораки.
Во ноември 2020 година, WhatsApp конечно ја воведе неопходната функција за приватност наречена Dissappearing messages, која првично беше достапна само со една опција, односно по 7 дена, но подоцна беа воведени дополнителни опции кои овозможуваат исчезнување на пораките по 24 часа и 90 дена.
WABetaInfo пишува дека WhatsApp сега работи на екстремна верзија на „пораки што исчезнуваат“, кои ќе се читаат/гледаат само еднаш пред да исчезнат и за оној кој ги прима и за оној што ги испраќа.
Најновата опција е дел од WhatsApp бета за Android, односно верзија 2.22.25.20. Кога корисникот праќа таква порака, примачот нема да може да ја сподели или проследи.
Треба да се напомене дека WhatsApp веќе ја има оваа функција за фотографии и клипови, но сега се проширува и на текстуални пораки. Кога корисникот испраќа еднократна фотографија или видео, примачот не може да направи слика од екранот. Се очекува истото да важи и за СМС пораките.
Во случај на фотографии и видеа, view-once функцијата се користи со допирање на заокружениот број 1 на десната страна од известувањето за натписот откако ќе се избере саканата содржина. Текстуалните пораки во моментов имаат специјална икона за испраќање со дополнително заклучување, но дизајнот може да се промени откако функцијата ќе излезе од бета верзијата. Кога тоа ќе се случи сè уште не е познато, но корисниците нема да мора долго да чекаат.
Сепак, ништо не ги спречува тие „упорни“ корисници да ја заобиколат оваа безбедносна функција на пр. го сликаат екранот со друг мобилен телефон.