Официјалниот блог на WhatsApp беа објавени информации за новите функции кои наскоро доаѓаат до корисниците на оваа услуга.

Најважните новитети се однесуваат на корисниците кои често комуницираат во групи или на оние кои управуваат со групи.

Така, постои опција која ја подобрува приватноста на корисниците во рамките на групата, додека администраторите имаат подобра контрола врз корисниците кои влегуваат во веќе постоечките групи.

Кога администраторот споделува врска со групна покана или обезбедува јавен пристап до група, сите барања за пристап се појавуваат на едно место, заедно со контролите за управување со барањата.

Покрај тоа, корисниците ќе можат полесно да најдат групи каде што имаат пријатели или други корисници. Пребарувањето се врши со користење на името на контактот, по што се прикажуваат сите заеднички групи.

WhatsApp посочува дека новите опции треба да станат достапни за корисниците во наредните недели, се вели во соопштението на компанијата.