Нов извештај сугерира дека WhatsApp наскоро на својата веб-апликација ќе ја додаде опцијата за гласовни и видео повици. WhatsApp гласовните и видео повици се веќе достапни за Android и iOS апликациите на сервисот.

Сајтот WABetainfo истакнува дека најновото ажурирање за WhatsApp десктоп клиентот (верзија 2.2043.7) ја интегрира поддршката за гласовни и видео повици. Функцијата моментно е во бета, но WABetainfo тимот ја тестираше и објави некои фотографии.

Кога се прима повик на WhatsApp преку веб клиент, се појавува pop-up прозорец со опција на прифаќање или одбивање на повикот, а тука е и Ignore копчето во дното. За повикување се појавува мал прозорец и има опција за покренување на видео, mute, одбивање на повик и друго. Новото ажурирање поддржува и групни гласовни и видео повици.

Се наведува дека WhatsApp работи и на овозможување на синхронизирањето на разговорите помеѓу платформите, користење на еден профил на различните уреди и други подобрувања.