Microsoft планира да промени некои карактеристики во рамките на своите сигурносни опции, а компанијата планира да ја подобри безбедноста на Windows 10 со поагресивен пристап за блокирање на потенцијално несаканите апликации (PUA).

Потенцијално несаканите апликации не се сметаат за исклучиво малициозен софтвер или опасни апликации, но терминот PUA се однесува на апликации и adware кои можат да имаат негативно влијание врз приватноста на корисникот. Во некои случаи, Microsoft ги блокира или ги предупредува корисниците кога ќе открие такви апликации.

Функцијата беше претставена во May 2020 ажурирањето, но Microsoft сега објави дека стандардно ќе биде овозможена од август.

Августовското ажурирање на Windows 10 ќе овозможи блокирање на потенцијално несаканите апликации, па корисниците ќе мораат да ја оневозможат функцијата доколку имаат одредени апликации што би сакале да ги инсталираат, а Windows ги блокира.