Во текот на животниот циклус на Windows 10, Microsoft објави голем број ажурирања за платформата. Компанијата првично планираше годишно да објавува две големи ажурирања на оперативниот систем , но многу од нив доаѓаа со проблеми и бараа дополнителни исправки и надградби.
Изгледа дека Microsoft го увиде проблемот и за Windows 11 планира објава на едно големо ажурирање годишно. Компанијата и натаму ќе објавува месечни безбедносни ажурирања и исправка на багови, но кога станува збор за големите надградби, тие ќе пристигнуваат само еднаш годишно.
Windows 11 се очекува подоцна во текот на годината и ќе биде достапен бесплатно за оние кои имаат Windows 10. Една од поинтересните функции која ја нуди новиот оперативен систем, е можноста за покренување на Android апликации.