Xiaomi 12 Pro е одличен смартфон кој сега е достапен и надвор од Кина, но љубителите на брендот наскоро можат да очекуваат уште еден модел кој ќе ја подигне летвичката.
Станува збор за Xiaomi 12 Ultra, кој се очекува да се појави на пазарот во мај. Со оглед на фактот дека минатогодишниот Mi 11 Ultra беше навистина одличен, ќе биде интересно да се види каков ќе биде неговиот наследник.
Xiaomi 12 Ultra најпрвин се очекува да се појави на кинескиот пазар, а потоа и на другите пазари. Пример е серијата 12, која беше претставена во Кина во декември 2021 година, а на интернационалните пазари кон средината на март. Сепак, фановите се надеваат дека овојпат нема да мора да чекаат толку долго на Ultra моделот.
Според гласините, уредот ќе работи со Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1+ процесор, кој се уште не е официјално претставен, а ќе користи QHD OLED екран со брзина на освежување од 120 Hz. Ќе се напојува со батерија од 4.900 mAh, која ќе поддржува брзо полнење од 120 W. Исто така, се очекува да се врати камера модулот потпишан од Leica.