Xiaomi се подготвува да претстави нов премиум лаптоп, под името Mi Notebook Pro X. Лаптопот ќе биде официјализиран на 30 јуни во Кина, според информациите од официјалната профил на компанијата на Weibo мрежата.

Објавени се и две тизер фотографии, кои не откриваат премногу информации. Споменато е елегантно и преносно куќиште, со најновата генерација на хардвер на Intel и Nvidia.

Mi Notebook Pro X се очекува да ја користи 11-та генерација на Intel H35 процесорот, кој работи на 45W. Лаптопот ќе го котисти графичкиот процесор Nvidia RTX 3050Ti.

Наскоро ќе ги дознаеме и останатите детали за Xiaomi Mi Notebook Pro X лаптопот и се надеваме дека ќе добиеме и нешто повеќе информации за евентуалната глобална достапност на лаптопот.