Apple не е единствениот произведувач на смартфони за кој се шпекулира дека ќе произведува и електрични автомобили бидејќи ќе му се приклучи и Xiaomi.
Xiaomi планира да произведува електрични автомобили за глобалниот пазар. Засега не се познати повеќе детали, но според досегашните информации првиот модел се очекува во 2023 година.
Повеќе детали за електричните автомобили се очекуваат во текот на оваа недела.
За потсетување, Apple сè уште работи на својот Apple Car – електричен автомобил кој би требало да дебитира во 2021 година.
Извор: Klix.ba