Компанијата Xiaomi наскоро ќе ја претстави подобрената верзија на веќе популарниот смартфон Redmi Note 8.
Xiaomi го враќа часовникот наназад кога станува збор за новиот уред и за пазарот подготвува подобрена верзија на Redmi Note 8 моделот
За овој потег на компанијата се шпекулираше неколку недели, а информацијата сега е потврдена преку Twitter. Исто така, откриени се и некои спецификации на уредот што ќе биде претставен во следните недели.
Познато е дека телефонот ќе има 48MP камера, 6,3-инчен екран со засек во форма на капка, а ќе го покренува MediaTek Helio G85 процесор. Овие спецификации се исти како и во случајот на старата верзија, но моделот од 2019. година го покренуваше процесорот Snapdragon 665 на Qualcomm. Се верува дека Helio процесорот овозможува подобри перформанси.
Redmi Note 8 беше огромен хит на пазарот и е продаден во над 25 милиони примероци ширум светот. Тоа е навистина голем број, а се чини дека Xiaomi сака дополнително да профитира на познатото име на уредот и да им понуди на купувачите подобрување по две години.
Моделот од 2019 година беше моќен и ценовно достапен.