Голем број извештаи од порано сугерира дека претстојниот Xiaomi Mi 11 Pro телефон ќе има 4700mAh батерија. Сепак, според инсајдерски извори, телефонот всушност ќе го напојува батерија од 5000mAh.
Сигурниот кинески дојавувач Digital Chat Station сугерира дека батеријата е поделена на две ќелии, што значи дека би можела да има поддршка за исклучително брзо полнење. Дојавувачот не го именува изворот од кој ги добил информациите, но споменува дека најновиот инженерски примерок пристигнал со батерија од 5000mAh.
Претходните извештаи споменуваа дека смартфонот ќе поддржува опција за полнење до 120W, што беше претставена со минатогодишниот Mi 10 Ultra модел.