Веќе видовме доволно докази кои ја појавија претходно, а укажуваат на тоа дека Xiaomi подготвува нов таблет. Сега постоењето на уредот го потврдува и FCC.

Нови детали за таблет уредот на Xiaomi, со ознака на модел 21051182G се појавија на FCC, а вклучуваат софтверска поддршка во вид на MIUI 12.5 интерфејс, 22.5W опција на полнење и dual-band Wi-Fi можности.

Минатата недела MIIT сертификатот сугерираше дека наводниот Mi Pad 5 Pro ќе има поддршка за 5G, а ќе го покренува 870 чипсет. Оваа верзија на таблетот би требало да има 11-инчен LCD екран со 120Hz освежување и 2560 x 1600p резолуција. Екранот поддржува 1096 нивоа на притисок и ќе има поддршка за Xiaomi пенкалце, кое се очекува со таблетот.

Стандардниот Xiaomi Mi Pad 5 би требало да има MediaTek Dimensity 1200 чипсет, како и 8250mAh батерија. Новите Mi Pad таблети се очекуваат подоцна во текот на јули.