Промената на ноктите која се појавува кај некои од луѓето е необичен симптом, но може да укажува на тоа дека сте прележале Ковид-19 и дека закрепнувате од инфекцијата.
Во текот на пандемијата на коронавирусот беа откриени многубројни симптоми, понекогаш необични. Експертите неодамана на ноктите кај поединци откриле вдлабнувања кои што можат да укажуваат на тоа дека сте прележале коронавирус, пренесува „Independent“.
Британскиот епидемиолог, професор Тим Спектор, главниот истражувач на апликацијата „Zoe Covid Symptom Study“ која што овозможува следење на новите симптоми на Ковид-19, на социјалната мрежа Твитер објавил дека „промената на ноктите во облик на мали вдлабнатини може да укажува дека сте прележале Ковид-19 и на тоа дека личноста закрепнува по инфекцијата“.
Ваквите вдлабнувања ѝ се познати на медицината, а истите настануваат како реакција на привремен прекин на растот на ноктите поради повреда или пак болест, односно како последица на некоја стара механичка повреда или пак прележана болест, а најчесто тоа се бенигни болести.
Професорот Спектор потврдил дека таквите вдлабнувања сами по себе се безопасни и дека не треба да предизвикаат загриженост како поединечен симптом.
Do your nails look odd? COVID nails are increasingly being recognised as the nails recover after infection and the growth recovers leaving a clear line. Can occur without skin rashes and appears harmless pic.twitter.com/Q1Lfdrc9Dc
— Tim Spector (@timspector) May 3, 2021
Тој додал и дека кај личноста која што заболела од Ковид-19 најчесто таквите вдлабнатини се појавуваат без дополнителни компликации, како што е осипот на кожата.
Професорот исто така додал и дека вдлабнувањата на ноктите исчезнуваат кога основната болест повеќе нема да претставува проблем, а ноктот целосно ќе закрепне за околу шест месеци.
Во истражување кое што неодамна било објавено во канадско списание, доктор напишал дека кај 45-годишна жена таквите вдлабнувања на ноктите се појавиле по три и пол месеци од дијагностицирањето на Ковид-19.
Научниците предупредуваат дека вдлабнатините на ноктите не се единствени за Ковид-19 туку дека истите можат да се појават и како знак на различни системски проблеми.
На пример, се појавуваат и кога штитната жлезда премногу или пак премалку работи, што влијае на хормоните кои што управуваат со растот на ноктите, кожата и косата.
Доколку таквите вдлабнатини се појават истовремено на сите нокти, тоа може да укажува на инфекција како што е воспаление на белите дробови или пак сифилис, а можат да бидат и сигнал за проблеми со срцето, џигерот или пак бубрезите.
Ова значи дека таквата промена на ноктите не треба да ја сфаќате како сигурен знак дека сте прележале коронавирус.
Извор: Zimo.hr