Астрономите открија „дива“ планета, која нема свое Сонце и слободно се движи низ галаксијата. Нешто помала од Земјата, а се проценува дека според масата е некаде помеѓу нашата планета и Марс.

Експертите истакнуваат дека би можело да се работи за една од многуте слободни планети во Млечниот пат, па некои тврдат дека ги има повеќе од ѕвездите во нашата галаксија. Таквите планети е невозможно да се видат со помош на традиционални техники, а поради тоа што не кружат околу својата ѕвезда, па не можат да се детектираат како „обични“ планети, кои му прават сенка на своето Сонце.

Наместо тоа, астрономите искористија еден феномен кој е во врска со гравитациската леќа (оптички ефект со кој оддалечените објекти во вселената се гледаат зголемено благодарение на кривењето на патеката на светлината кон една точка, а при делувањето на многу силни гравитациски сили) и планетата ја забележаа благодарение на тоа што влијаеше на светлината на далечните ѕвезди.

Научниците истакнаа дека новооткриеното небеско тело е најмалата „слободна“ планета од сите кои се досега забележани, а истражувањето на ваквите светови би можело да открие повеќе за турбулентното минато на соларниот систем.