Велика Британија денеска соопшти дека има Национална сајбер единица од владини хакери за кибер напади врз криминалци, терористи и непријателски држави.
Британските медиуми јавуваат дека оваа хакерска единица, која од годинава е оперативна, се состои од експерти од британските вооружени сили и разузнавачката агенција на државниот комуникациски штаб (GCHQ).
-Националната кибер единица „ги обединува разузнавачките и одбранбените способности за да ја трансформира способноста на Велика Британија да се бори против противниците во кибер просторот, изјави директорот на GCHQ, Џереми Флеминг.
Официјалните лица одбија да разговараат за специфичните цели или операции на единицата, но велат дека нејзината работа може да вклучува прекин на терористичките мрежи за комуникација, уривање на организирани криминални групи и оневозможување на непријателските вооружени системи.