Google најави нов, напреден модел на вештачка интелигенција наречен Argon, кој ќе послужи како основа за следната генерација на модели Gemini 4.

Од Google наведуваат дека Argon е нивниот најмоќен модел досега и дека ги надминал моделите Astra на OpenAI и Opus на Anthropic во неколку индустриски референтни тестови.

Агенцијата Reuters објави дека конкурентските модели биле значително надминати во областите на програмирањето и сајбер-безбедноста.

Сепак, експертите забележуваат дека Argon заостанувал во одредени тестови за програмирање.

Засега, моделот е достапен само за одбрани партнери од областа на сајбер-безбедноста, а Google сè уште нема објавено кога тој ќе стане јавно достапен.

Покрај тоа, Google се откажа од плановите за моделот Gemini 3.5 Pro; рокот за неговото објавување одамна беше поминат, бидејќи официјалното лансирање првично беше планирано за јуни.