Истражувачите од Универзитетот Јеил во САД развија нов амфибиски робот во облик на желка кој може да ги трансформира неговите нозе во перки.
Амфибиската роботска желка наречена АРТ е инспирирана од копнени и водни желки, група чии фосилни остатоци се стари повеќе од 110 милиони години.
„Копнените и водените желки имаат витки тела, четири екстремитети и оклоп, но и различни форми на екстремитетите и начини на движење за да се прилагодат на нивната околина. Морските желки имаат издолжени перки за пливање, додека копнените желки имаат заоблени нозе кои можат да го поднесат товарот за време на движењето“, изјави научникот Ребека Крамер – Ботиљо.
Сепак, роботот развиен во Јеил може да го промени обликот на неговите екстремитети додека се движи од една средина во друга. Овој робот користи материјал со различна вкочанетост, како и вештачки мускули. АРТ лесно се движи на копно, а потоа ги трансформира своите нозе во перки кога е во близина на вода. На овој начин е овозможено пливање со „воден од“ базирано на кревање и влечење.
„Речиси да можете да ја замислите адаптивната морфогенеза како форма на еволуција кога е потребно“, вели Карл Зимелис, уредник на списанието Nature.
„Нашите резултати покажуваат дека адаптивната морфогенеза може да ја подобри ефикасноста на роботите кои се движат низ повеќе средини“, додаде Крамер-Ботиљо.
Постојат многу потенцијални апликации за амфибискиот робот инспириран од желка, вклучувајќи поддршка на нуркачи, следење на крајбрежните екосистеми и многу повеќе. Роботот ќе им помогне на истражувачите во проучувањето на механиката на мобилност во различни еколошки транзициски зони, како и во предизвикувачката зона на сурфање каде брановите, струите и заматеноста претставуваат уникатни предизвици за роботските системи.