НАСА спроведе тест како дел од мисијата ДАРТ во која нивното летало намерно удри во астероид со цел научниците да ја истражат можноста да ги спречат овие небесни тела да ја уништат или да удираат на Земјата.
Тимот започна операција за пренасочување на астероиди пред 10 месеци во Мериленд, а целниот астероид Димофос не беше закана за нашата планета.
Судирот е реализиран со цел научниците да се обидат да го утврдат начинот на кој овие цврсти тела може да се отклонуваат во иднина во случај да претставуваат закана за Земјата. Вселенското летало Дидимос удри на 17 километри од центарот на астероидот за да ја промени својата орбита.
Сепак, научниците ќе го знаат успехот на мисијата за отклонување на астероидот дури по два месеци истражување.
Демонстрацијата на ударот се одржа релативно блиску до Земјата, на оддалеченост од 11 милиони километри. Директорката на Одделот за планетарна наука на НАСА, Лори Глејз, истакна колку е неверојатна мисијата, имајќи предвид дека тие никогаш порано не направиле нешто слично.
„Влегуваме во нова ера на човештвото, ера во која потенцијално имаме способност да се заштитиме од нешто како опасен удар на астероид“, рече таа.