Првиот воен авион дизајниран и изработен во Австралија во последните 50 години го изврши својот прв тестен лет.

Станува збор за дронот наречен Airpower Teaming System или Loyal Wingman, кој за Кралското австралиско воздухопловство го дизајнираше и произведе компанијата Boeing Australia.

Беспилотното летало успешно самостојно полета од пистата и го изведе планираниот тестен лет при различни брзини и на различни височини, а на крајот слета безбедно. Човечки пилот го надгледуваше летот од земјата.

Дронот е дизајниран да лета со друго летало што го управува човек, а се потпира на вештачката интелигенција.

RAAFнарача вкупно шест беспилотни летала од Boeing.