Експерименталната вакцина на германската компанија Кjурвак против Ковид-19 предизвика имун одговор кај луѓето, соопшти денеска компанијата.
„Многу сме охрабрени од податоците од првата фаза“, рече извршниот директор Франц-Вернер Хас
Биотехнолошката компанија го користи таканаречениот РНК пристап, ист како „Модерна“, како и Бионтек и неговиот партнер Фајзер, кои започнаа масовно тестирање на луѓе кон крајот на јули.
Кјурвак информира дека нивната потенцијална вакцина, позната како CVnCoV, генерално добро се поднесува и компанијата планира да почне со последната фаза на тестирање на луѓе пред крајот на годината.
Компанија поддржана од германскиот инвеститор во биотехнологија Дитмар Хоп, фондацијата Гајетс и ГлаксоСмитКлајн, соопшти дека волонтерите развиле нивоа на неутрализирачки антитела како луѓе кои се опоравуваат од тешка форма на Ковид-19.