Некои од првите гејминг лаптопи со 12-та генерација на Alder Lake процесорите на Intel и најновата NVIDIA RTX графика се достапни за нарачка. Неколку од овие лаптопи се најавени на овогодинешниот CES саем, а нарачките се отворени денес.

Една од компаниите што ги лансира своите лаптопи е брендот Alienware на Dell, кој ги издава Alienware x15 R2 и Alienware x17 R2. Ова се моделите од втората генерација на тенките гејминг лаптопи на Alienware, а доаѓаат во варијанти од 15,6 и 17,3 инчи, како што сугерираат имињата. И двата модела се напојуваат со Intel Core i9-12900H процесор со 14 јадра (6P + 8E), при што P јадрата се зајакнати до 5GHz. Доаѓаат и со NVIDIA GeForce RTX 3080 Ti графика, која има 16GB GDDR6 меморија и е значително помоќна од стандардниот RTX 3080.

Сето ова се лади со прилагодениот термички интерфејс на Alienware, кој компанијата го нарекува Element 31. Ова решение нуди подобрен пренос на топлината и овозможува лаптопите да бидат тенки колку што се, и покрај нивните спецификации.

Alienware x15 R2 е достапен со до 32 GB DDR5 RAM на 5200 MHz и до 2 TB PCIe SSD простор за складирање. Достапен е и со Full HD (1920 x 1080) панел на 360Hz или Quad HD (2560 x 1440) на 240 Hz. Повеќе модели може да бидат достапни подоцна, а засега се достапни за 2199,99 долари.

Што се однесува до Alienware x17, тој доаѓа со до 32GB DDR5 RAM, но со малку помала брзина од 4800 MHz, плус истата SSD меморија од 2 TB. Во моментов, достапни се само опции за екран со Full HD 360Hz, но во иднина би требало да се појават повеќе опции. Неговите цени започнуваат од 2.299,99 долари.

Најновите гејминг лаптопи на Razer – Blade 15 и Blade 17, исто така покренувани од  Intel Alder Lake процесорите и најновите графички процесори на NVIDIA, се исто така достапни во претпродажба од денес. И двата имаат речиси исти спецификации: до Intel Core i9-12900H процесори, NVIDIA GeForce RTX 3080 Ti графика, 16GB RAM (со можност за надградба) и простор за складирање од 1TB (исто така може да се надгради). Сепак, графичките процесори се различни, бидејќи на Blade 15 можат да достигнат само 105 W моќност, додека на Blade 17 тие одат до 130 W.

Покрај големината, повеќето опции на екранот се исто така исти: Full HD 360Hz, Quad HD 240Hz или Ultra HD 144Hz. Razer Blade 17 има дополнителна опција, а тоа е подостапниот Quad HD панел на 165Hz кој оди заедно со послабиот графички процесор GeForce RTX 3060. Исто така, вреди да се напомене дека опцијата Ultra HD панел на Razer Blade 17 сè уште не е достапна за претпродажба, иако е достапна на Blade 15.

Razer Blade 15 лаптопот е достапен од 2.499 долари, додека Razer Blade 17 почнува да се продава од 2.699 долари. Испораките започнуваат на 22 февруари.