Проблемите со интернет конекцијата се меѓу најчестите и најдосадни технолошки дефекти, особено кога вашиот провајдер не пријавува никаков прекин. Причината честопати не е таму каде што прво ја бараме.
Еден од првите чекори е да ја проверите опремата што сте ја добиле од провајдерот. Ако имате оптички интернет, во вашиот стан или куќа има ONT уред кој го претвора оптичкиот сигнал во електричен.
Понекогаш е доволно да го исклучите и повторно да го вклучите за да ја ресетирате конекцијата. Истото важи и за модемот – неговото исклучување од 30 до 60 секунди често решава привремени проблеми.
Не ги занемарувајте ниту каблите. Ethernet, коаксијалните или другите кабли за податоци може да изгледаат добро, но сепак да бидат оштетени. Ако забележите свиткани пинови или оштетување, замената на кабелот може да биде брзо решение, објавува Pocket Lint.
Ако интернетот не работи само на еден уред, додека другите функционираат нормално, проблемот најверојатно е поврзан со софтверот. Во овој случај, вградените алатки за дијагностика на мрежата во Windows или macOS можат да помогнат, како и проверката за достапни ажурирања на системот или драјверите.
Како последно средство, ресетирањето на мрежните поставки или рестартирањето на уредот може да помогне, но ресетирањето на фабричките поставки треба да се остави како последно средство.






