Факт е дека кон иновативните пристапи полека се свртуваат или веќе се свртија и другите индустрии за кои тоа во принцип не би било својствено, како оние кои веќе долго време се дел од јавни здравствени проблеми. Добар пример за ова е Филип Морис Интернешнал (ФМИ) кој, како тутунски гигант, реши пред дваесет години целосно да се трансформира, да се сврти кон научните пристапи и да го усвои концептот за намалување на штета, со цел да понуди подобра алтернатива за голем број пушачи.

Во истражувачкиот центар The Cube, лоциран во Neuchatel Швајцарија 400 врвни научници секојдневно работат на подобрување на тутунските производи без чад, кои се базираат на научни решенија со цел тие наскоро целосно да ги заменат традиционалните цигари.

Програмата за истражување на ФМИ е инспирирана од долгогодишната практика на фармацевтската индустрија и се спроведува во согласност со меѓународно прифатените стандарди и практики како што се Добра лабораториска пракса (GLP) и Добра клиничка пракса (GCP). ФМИ исто така ги охрабрува и независните експерти да ги проценуваат добиените научни резултати и постојано е посветени на споделување на научни податоци за валидација од квалификувани, независни експерти во соодветните области.

Најголем дел од штетни соединенија што се наоѓаат во чадот од цигари и се поврзани со болести поврзани со пушењето се предизвикани од согорување на тутун, а производите што го елиминираат согорувањето, како што се електронските цигари и тутунските производи што го елиминираат согорувањето, се многу подобра алтернатива отколку продолжувањето на пушењето.

Производите без тутун, засновани на солидна научна основа и стандарди за квалитет, можат да понудат подобар избор, иако не се целосно без ризик, од цигарите за милиони мажи и жени кои инаку би продолжиле да пушат.

Важно е да се напомене и фактот дека Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) донесе одлука минатата година за барањата за класификација на IQOS во категоријата тутунски производи со модифициран ризик (MRTP).  Најдобар избор за пушачите е целосно да се откажат од тутун и производи од никотин, но повеќето не го прават тоа. Затоа оваа одлука на ФДА им овозможува на возрасните пушачи во САД да имаат пристап до информации за производи што се подобар избор отколку да продолжат да пушат цигари.