Истражувањето спроведено од Ipsos за Gjensidige (Норвешка осигурителна компанија) и Здружението за безбедност во сообраќајот (Traffic Safety Association – TSF) покажува дека инфо-забавниот систем во автомобилите одзема многу внимание на возачите и може да доведе до сообраќајни несреќи

Дури половина од испитаниците одговориле дека интерактивниот екран во автомобилот во одреден момент им го одвлекол вниманието од возењето и ги довел во незгодна ситуација.

Дури 42 проценти од испитаниците, на возраст меѓу 18 и 39 години, признаваат дека доживеале непријатни или опасни ситуации како резултат на користењето на екранот.

„Кога скоро половина од возачите се фокусираат на екранот повеќе отколку на патот, тоа е сериозно. Ова е уште едно опасно одвлекување на вниманието од патот, како што е употребата на мобилни телефони, употребата на социјални мрежи или правење селфи-фотографии зад воланот на возилото“, вели Геир Тангстад-Холдал, извршен директор на TSF.

Во Велика Британија, магазинот WhatCar? тестирал инфо-забавни системи во 20 автомобили со цел да провери колку е тешко или лесно управувањето со нив.

Лицето кое го тестирало системот добило неколку задачи: да ја подигне температурата за два степени, да ја зголеми брзината на вентилаторот во климатизерот, да ја намали сликата на системот за навигација, да ја заврши навигациската рута, да го смени радио каналот и да користи гласовна контрола за да најде најблиската бензинска пумпа.

Најзбунувачки е екранот со информации во електричниот MG ZS EV, кој добил само 12 од вкупно 30 можни поени во шесте различни тестови. Втор најлош резултат имал Fiat 500Х со 14 поени. Автомобилот со систем кој најлесно се управува и најмалку го одвлекува вниманието на возачот е BMW Серија 3 со таканаречениот Live Cockpit Professional систем. Тој добил 28 од 30 можни поени на тестот. Генералниот заклучок е дека ако треба да направите некои поголеми интервенции на системот за инфо-забава, направете го тоа додека автомобилот стои (прилагодете ја навигацијата, температурата на кабината…).

Во продолжение листата од 20 тестирани системи и нивните резултати.

  1. MG ZS EV 12 поени
  2. Fiat 500X 14 поени
  3. Skoda Citigo-e 16 поени
  4. Peugeot 508 SW 17 поени
  5. Lexus RX 18 поени
  6. Honda CR-V 18 поени
  7. Nissan Juke 19 поени
  8. Toyota Corolla 20 поени
  9. Volvo S60 20 поени
  10. Jaguar XE 21 поени
  11. Skoda Kamiq 21 поени
  12. Opel Corsa 22 поени
  13. Hyundai Ioniq 22 поени
  14. Ford Fiesta 23 поени
  15. VW Passat GTE 24 поени
  16. Mazda 3 25 поени
  17. Audi Q3 Sportback 26 поени
  18. Porsche Panamera 27 поени
  19. Mercedes CLA 27 поени
  20. BMW serije 3 28 поени