Македонски Телеком уште еднаш ја потврдува својата лидерска позиција во технолошките иновации и дигитализацијата, претставувајќи го новото припејд еSIM решение.

За прв пат на пазарот, креирано е иновативно решение за припејд сегментот овозможено преку најновата eSIM технологија со која на корисникот му се овозможува да добие нов припејд број на најдобрата мрежа со само неколку клика, од кое било место и во кое било време. Она што го прави решението особено атрактивно е фактот што еSIM профилот станува достапен веднаш, и тоа преку целосно дигитализиран процес.

Новиот припејд еSIM е целосно флексибилен и дава можност корисникот да ја избере најоптималната понуда според своите комуникациски потреби, избирајќи активирање еден или комбинација на повеќе комбинирани и/или интернет пакети со важност од 7 или 30 дена.

Со припејд eSIM може да се дојде до нов припејд број и од странство, пред воопшто да се помине границата, и така престојот во Македонија да започне комуникациски подготвено, со поврзување на најдобрата мрежа уште од првиот момент.

За да може да се користи eЅIM услугата, потребен е уред којшто ја поддржува оваа технологија. Во иднина, eSIM ќе стане стандард поддржан од секој уред, со што во исто време ќе се поттикне развојот на решенија коишто ќе одговорат на потребите на корисниците и воедно ќе се придонесе за зачувување на животната средина преку исфрлање на пластиката од употреба. Воведувањето на услугата е од особено значење бидејќи корисниците на Македонски Телеком се меѓу првите во Европа коишто ќе имаат можност да ги уживаат придобивките од оваа технолошка иновација.

Во текот на месец март, Македонски Телеком за прв пат на пазарот ја претстави еСИМ технологијата за постпејд корисниците. Со сегашната новина, компанијата го заокружува процесот на обезбедување електронски СИМ решенија и се профилира како предводник во развојот на услуги и во доменот на „Интернет на нештата“ и поврзаните уреди.

Повеќе детали на www.telekom.mk