Иако Windows 11 полека се приближува кон своето прво големо ажурирање, „Sun Valley 2“, сепак нуди некои функции кои можеби воопшто не сте ги знаеле, а кои можат да ви помогнат со секојдневниот оперативен систем.
Некои од основните работи и функции на Windows 11 се на едноставно место, но некои се навистина тешко да се најдат.
Еве седум работи за кои можеби не сте знаеле дека постојат на Windows 11.
Voice Typing
Диктирањето на Windows е значително подобрено во претходните години, а Windows 11 го прави уште полесно и подостапно. Без разлика каде се наоѓате, со истовремено притискање на копчето WIN + H ќе можете да кажете порака, како на пример команда за отворање на одредена апликација.
Emoji и избирач на GIF
Ако сакате брзо да додадете емотикони или GIF на документ или порака, истовремено притиснете Win + . (точка), по што ќе се појави прозорец кој ви овозможува да пребарувате и избирате емотикони или GIF-ови.
Скриено Start мени
Со десен клик на глувчето на иконата од менито Start ќе се отвори прозорец со избор на корисни апликации што можеби ќе ви бидат потребни.
Скриено Context мени
Windows 11 донесе промена во Context менито, кога ќе кликнете со десното копче на одредена апликација или папка. Но, и ова може да се смени, бидејќи само во тој случај се оди на последната опција „Прикажи повеќе опции“ и се притиска Shift + F10, по што ќе се појави оригиналното Context мени.
Snap Layouts
Одете во Start Menu> Settings> System> Multitasking и погрижете се да ги вклучите сите layout-и, да имате повеќе функции за време на распоредувањето на апликацијата итн.
Прилагодете ја јачината на звукот само за апликации
Ова е корисна, но тешко достапна функција во Windows 11. Ви овозможува да ја прилагодите јачината на звукот само во една апликација, додека во другите останува непроменета. Одете во Settings> System> Sound> Volume Mixer и ќе можете да ја прилагодите јачината на звукот за секоја апликација што е активна.
Hidden Clipboard
Windows 11 го подобри начинот на кој можете да копирате и залепите текст со иста брзина како притискање на CTRL + C и CTRL + V. Притиснете WIN + V и ќе се појави прозорец со претходно копиран текст што можете да го залепите.