Метеорит со широчина од околу 90 метри експлодирал над Антарктикот пред 430 000 години, и така испратил огнено топче од вонземски материјал на ледената површина, покажало најновото истражување на научниците кои живеат на Јужниот пол.
Се смета дека ваквите експлозии се случуваат почесто од пад на метеори или многу поголеми астероиди кои оставиле кратери на Земјата, каков што е тој што ги уништи диносаурусите пред 66 милиони години, објави Си-Ен-Ен.
Откривањето на такви вселенски карпи е, сепак, многу потешко, бидејќи оставаат многу малку траги во геолошките записи. Матијас ван Гинекен, истражувач на Универзитетот во Кент, собрал 17 темни честички, помалку од еден милиметар, невидливи за човечкото око, додека бил на експедиција на планината Сор Рондан, на истокот на Антарктикот, каде се наоѓа белгиската истражувачка станица „Принцеза Елизабета“.
“Прво забележав дека некои од нив изгледаат како да се залепени едни со други, што бо морало да се случи кога честичките се растопени. Тоа би значело дека многу од нив комуницираат кога се на многу висока температура. Ова е единствениот разумен начин да се објасни дека тоа бил огромен удар “, рече Ван Гинекен, главен автор на студијата објавена вчера во списанието Science Advances.
Извор: B92.net