Научниците вложуваат големи напори да ги направат батериите на електричните автомобили што е можно поефикасни и поиздржливи, а покрај стандардните литиум-јонски батерии, на пазарот веќе се и натриум-јонски батерии и други алтернативи.

Меѓу ветувачките иновации се и литиум-сулфурните батерии, а истражувачите од Универзитетот во Мичиген веруваат дека иднината на електричните возила лежи токму тука.

Зошто литиум-сулфурни батерии?

Литиум-сулфурните батерии нудат голем број на предности во однос на сегашната технологија на батерии, вклучувајќи подобрена густина на гравиметриската енергија, значително намалени трошоци за суровини и подобрени безбедносни карактеристики, пишува Институтот Фарадеј.

Сепак, големиот број циклуси на полнење и празнење на овие батерии досега се постигнати на сметка на други параметри, како што се брзината на полнење, капацитетот, отпорноста и безбедноста на батериите, објасни професорот Николас Котов од Универзитетот во Мичиген.

Според него, научниците се пред голем предизвик да направат батерија која ќе има подолг животен век, но истражувањето кое Котов го спроведе со неговиот тим ги доближило чекор поблиску до таа цел.

Новите литиум-сулфурни батерии содржат мрежа од рециклирани синтетички влакна кои го спречуваат формирањето на дендрити – иглични структури на анода кое може да доведе до брзо распаѓање на батеријата, краток спој, па дури и експлозија. На тој начин, тие овозможија над илјада циклуси на полнење и празнење за напојување на електрични возила и пет пати поголем капацитет од стандардните литиум-јонски батерии, според Универзитетот во Мичиген.

Котов смета дека дизајнот на подобрената литиум-сулфурна батерија е „речиси совршен“, а нејзиниот капацитет и ефикасност се приближуваат до теоретските граници, пишува Екапија.

Освен што издржуваат екстремна топлина и „дебели“ минуси, литиум-сулфурните батерии се поевтини од стандардните литиум-јонски батерии кои содржат кобалт, а новововедените синтетички влакна може да се добијат со рециклирање на стари панцири.

Извор: Sputniknews.com