Редизајнираниот MacBook Pro може да биде уште помоќен отколку што првично се мислеше, под услов корисникот да ја има соодветната конфигурација.
Apple за Engadget потврди дека 16-инчниот MacBook Pro со M1 Max чип може да работи со High Power Mode. Иако компанијата не објави премногу детали, бета -кодот во macOS Monterey сугерира дека режимот ќе ги оптимизира перформансите за помоќни задачи, а тоа може да резултира со поголема бучава што ја создаваат вентилаторите.
Ова може да биде фрустрирачко за оние кои ќе ги купат MacBook Pro 14 или 16 инчи со M1 Pro чипсет. Од друга страна, ова не претставува изненадување. Функциите како што е High Power Mode придонесуваат за зголемена потрошувачка на енергија и загревање, а Apple секако сака да се погрижи да има доволно капацитет на батеријата за регулирање на температурата. M1 Max чипот е подобра опција за споменатиот режим од M1 pro, бидејќи има повеќе перформанси што може да се отклучат.
High Power Mode би можел да ви помогне да ги извршувате задачите кои бараат перформанси по секоја цена, што е важно за голем број професионални корисници, а за нив помоќниот MacBook Pro е логично решение.