Палмер Лаки ја основаше Oculus минатата деценија, VR компанија која го привлече вниманието на Цукерберг и Фејсбук, па во 2014 година го презедоа за дури 2 милијарди долари. Лаки остана во Фејсбук, но поради неговите политички ставови и донации, тој ја напушти компанијата три години подоцна и започна нов претприемачки потфат.

Тој ја основа компанијата Anduril Technologies за развој на технолошки решенија за одбранбената и воената индустрија, чија вредност по новата инвестиција се искачи на дури 4,6 милијарди долари. Компанијата веќе ги обезбедува своите услуги на границите на САД, каде што нивната технологија заснована на вештачка интелигенција, со помош на сензори и камери, ги следи сите сомнителни настани и движења околу границите. Компанијата вели дека истата платформа за AI наречена Lattice може да се користи и на други места, како што се воени бази, каде што може да помогне во откривање на луѓе, возила и беспилотни летала.

Кога ја најави новата инвестиција, која вреди 450 милиони долари, Лаки објави интересен твит во кој објасни што би сторил со свежиот капитал. Имено, тој напиша дека ќе го искористи тоа за да ги претвори сојузничките и американските војници во непобедливи „техномансери“ кои ќе имаат моќ на автономни системи. Тој истакна дека она што тие го подготвуваат ќе ги израдува сите, и иако не беше конкретно, можеме да претпоставиме дека станува збор за некоја напредна воена технологија. Патем, терминот „техномансер“ се користи во видео игрите и СФ и ги опишува луѓето кои имаат некои волшебни или натприродни способности обезбедени од технологијата.

Ќе почекаме уште некое време за да видиме за што станува збор и какви нови технолошки можности ќе им овозможат на американските војници. Елад Гил, кој го водеше финансирањето на Андурил, коментираше за инвестицијата дека светот не е подготвен за зголемениот број закани со кои се соочуваме и дека компании како Андурил, со своите мрежи на сензори, беспилотни летала, кули и моќен софтвер, треба да ни помогнат во ефикасен одговор на овие закани.

Тој не мислеше само на воени опасности, туку и на борба против трговија со луѓе, пожари, заштита на критична инфраструктура итн.

Извор: Zimo.hr