За научно-фантастичните приказни за населбите во вселената да станат реалност, меѓу другото е потребна и вештачка гравитација. Orbital Assembly Corporation (OAC) има сериозни планови на тоа поле, а целта е да се изгради огромна вселенска станица која ќе го носи името Voyager.
Кога ќе биде завршена, станицата ќе може да прими до 400 патници, а со изградба би требало да се почне во 2025 година. Доколку компанијата го заврши овој проект, станицата Voyager би можела да стане најголемата структура што човекот ја испратил во вселената, а во неа може да има и барови, библиотеки, спортски сали и други слични простори. Планирано е прво да се тестира помал прототип, со дијаметар околу шеесет метри, кој ќе може да ротира толку брзо, што ќе произведе гравитација слична на Марс.
Structure Truss Assembly Robot (STAR) ќе биде одговорен за изградба на големата станица, која ќе ги поврзе деловите кога ќе стигнат до орбитата на Земјата.
Експертите тврдат дека ова е почеток на нова индустриска револуција, под услов станицата Voyager навистина да го најде своето место во вселената.
Извор: PC Press.rs