Руски научници развија наномембрана која може веднаш да го исчисти воздухот од вируси и микроорганизми, вклучително и од коронавирус. Наномембраната е создадена во Центарот за фотоника и квантни материјали на Институтот за наука и технологии „Сколково“.
Поради електричната струја, мембраната на отворено може да се загрее до стотина степени Целзиусови. Тоа е главната разлика во однос на ултравиолетовото зрачење. Наномембраната не доведува до јонизација и несакани ефекти. Уредот работи импулсно. Се загрева до сто степени за неколку микросекунди и веднаш се лади на собна температура. Тоа се одвива локално: самата просторија не се загрева, сите вируси се уништуваат, а воздухот се стерилизира.
„Со загревање на мембраната на 100-150 степени, моментално ќе се уништат и вирусите и микроорганизмите “, изјави професорот од „Сколтех“ Алберт Насибулин.
Според него, во светот сé уште нема материјали кои истовремено би го филтрирале воздухот и би се загревале. Затоа рускиот изум е уникатен. Научниците од Сколково веќе докажаа дека мембраната е способна да ги уништи сите познати вируси, вклучително и COVID-19.
Од Московскиот инженерско-физички институт не исклучуваат мембраната во иднина да се користи во болници, сообраќајот, места на големи собири на луѓе. Доволно е да се интегрира во климатизери и прочистувачи на воздух.
Извор: Russia Beyond