Во Русија може да се појави препарат против тумор под називот „Алофаниб” за лекување на пациенти со рак на желудникот. Првата фаза на клиничките испитувања покажа дека лекот успеал да го запре развојот на болеста кај 70% пациенти.

Ова за весникот „Росијскаја газета” го соопшти прес-службата на фондацијата „Сколково”.

Се наведува дека кај сите волонтери кои го примиле лекот заболувањето веќе било во поодминат стадиум со голем број метастази во различни органи, вклучувајќи ги црниот дроб и коските. Претходните обиди за хемотерапија, стандардната насочена терапија и имунотерапија не донеле успех и туморот продолжил да се шири, а пациентите се чувствувале сé полошо. Во таква состојба болните почнале да го примаат „Алофаниб”.

„Резултат на лекувањето беше намалување на туморот веќе кај почетната доза на лекот со контролен период над болеста од 18,5 месеци”, се наведува во соопштението.

Ова е првиот оригинален насочен препарат во руската онкологија, кој се наоѓа во фаза на клинички испитувања врз пациенти со значителна големина на тумор. Лекот го произведе компанијата „Русфармтех”.

„Ние сметаме дека резултатите на клиничкото испитување овозможуваат да се продолжи проучувањето на „Алофаниб“. Пациентите добро го поднесуваат препаратот”, изјави директорот на Бирото за проучување на рак и член на Меѓународната група ASCO Иљја Тимофеев.

Ракот на желудникот според стапката на заболување и смртност спаѓа меѓу петте најмалигни тумори во Русија.

Извори: Russia Beyond