Корисниците на Facebook Messenger можеби треба да размислат да се откажат од популарната апликација по советот на експертот за сајбер безбедност Зака Дофман, кој вели дека користењето на услугите во моментов на апликацијата може сериозно да го ризикува пресретнувањето на испратените пораки.

„Треба да се префрлите на лична комуникација и разговор или што и да сакате да е безбедно, најмалку на WhatsApp или уште подобро на Signal“, ги предупредува Дофман корисниците во својот текст објавен на Форбс.

Ова можеби звучи драматично, но има добра поента. За оние кои не се свесни, Messenger допрва треба да воведее end-to-end енкрипција во својот сервис. Бес дополнувања до подесувањата, започнувањето на нов разговор – вашите пораки повеќе нема да бидат заштитени од љубопитните погледи. Ова всушност значи дека се што се испраќа мешу еден до друг уред може да биде пресретнато и испратено на трета страна.

Додека WhatsApp, освен Signal, е една од оние апликации кои ја имаат воведено оваа некрипција, Месинџер заостанува.

Компанијата е свесна дека очигледно не успева да ги исполни овие мерки на безбедност, па во неодамнешната објава се вели: „Работиме напорно на тоа да воведеме end-to-end енкрипција во сите наши услуги за разменување на пораки.“.

Messenger се подобрува и со фактот што Facebook неодамна претстави бројни алатки за приватност и сигурност, вклучително и повеќе опции за приватност, заклучување на апликации, ограничувања за проследување пораки и уште многу други.