Ејми Хениг, поранешната креативна директорка на компанијата Naughty Dog и сегашната директорка на Skydance New Media, работи на новата Marvel видео-игра.
Новата видеоигра ја опишуваат како акција, оригинална приказна која се случува во универзумот на Marvel.
Засега не е познато кои суперхерои ќе бидат во видео-играта.
Не открија речиси ништо – ниту на кои платформи ќе биде достапна играта, кога ќе излезе…
Потврдено е дека се работи на Marvel видеоигра и дека истата ќе се појави, а за еден месец ќе ги откријат сите детали.
Извор: B92.net